Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
- Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска официјално го потврди Охрид како домаќин на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија.

Скопје, 14 мај 2025 (МИА) – Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска официјално го потврди Охрид како домаќин на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија.
Финалниот турнир е закажан за 31 мај и 1 јуни, а Охрид по пауза од две години повторно ќе биде домаќин на завршницата во Купот.
Во конкуренција за трофејот се бранителот на титулата Алкалоид, Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и домаќинот Охрид.
Првично, завршницата беше планирана за овој викенд, но поради настапот на Алкалоид во финалето од ЕХФ Европскиот куп, РФМ направи измени во календарот и ја помести завршницата во Купот за крајот на мај. ег
ФОТО: РФМ