• сабота, 23 ноември 2024

„Охридски комуналец“ интензивно работи на одржување на јавната хигиена во градот

„Охридски комуналец“ интензивно работи на одржување на јавната хигиена во градот
Охрид, 28 јули 2022 (МИА) - Поради зголемениот број туристи кои го посетуваат охридското крајбрежје јавното претпријатие „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. За одржување на хигиената, како што соопштија од претпријатието, ангажирани се две цистерни за миење на улици и метачка. - Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно програмата за работа, на локациите каде има поголема фрекфенција на луѓе и автомобили и на местата каде се одржуваат манифестации. Со малата цистерна се врши миење на површините каде пристапот е ограничен, односно потесни улици, стои во информацијата. Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво. сс/цр

Остани поврзан