• сабота, 23 ноември 2024

Охридскиот Црвен крст започнува со уписот деца за „Бренобрејн“ едукативнта програма

Охридскиот Црвен крст започнува со уписот деца за „Бренобрејн“ едукативнта програма

Охрид, 22 јануари 2024 (МИА) – Центарот за развивање на животни вештини „Бреинобреин“ при Општинската организација на Црвениот крст во Охрид стартува со уписи нови деца на возраст од 4 до 14 години, заинтересирани за меѓународната „Бреинобреин“ едукативна програма преку која ќе имаат можност да стекнуваат нови и да ги развиваат и потврдуваат своите способности, како концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Во повикот се посочува дека станува збор за обука со уникатни, проверени и ефикасни техники и вештини, имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма. Според Црвен крст –Охрид,,тие ќе им помогнат на децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат способни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.

Заинтересираните можат да се информираат и пријават во Црвен крст - Охрид, започнувајќи од и тоа секој работен ден од 8 до 16 часот., а детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат на Отворениот ден за програмата предвиден да се одржи в сабота на 3 февруари од 12:30 часот во просториите на Црвен крст - Охрид.

Центарот „Бреинобреин“ при Црвениот крст од Охрид е првиот франшизен центар на Балканот што Бреинобреин програмата ја имплементира од 2010 година. Потврда за успешноста на охридскиот Бренобрејн центар се бројни трофеи и медали на учениците и тренерите, освоени на шесте државни натпревари одржани во Скопје во 2012, 2013, 2015, 2016, 2017 и 2018 година, како и на меѓународните натпреварувања во Загреб, Белград и во Дубаи. аб/са/

Фото: плакат

 

Остани поврзан