• вторник, 31 март 2026

Охридската библиотека го реализираше проектот „Книгата поблиску до старите лица“

Охридската библиотека го реализираше проектот „Книгата поблиску до старите лица“

Охрид, 30 март 2026 (МИА) – Охридската Градска библиотека минатата седмица го реализираше проектот „Книгата поблиску до старите лица“.

Во рамки на активностите вработени од библиотеката беа во посета на Геријатриското одделение на Општата болница, како и на Здружението на пензионери од општините Охрид и Дебрца, при што се донирани книги што ќе послужат како основа за формирање интерни библиотеки.

Остварени се средби и со дел од членовите на Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст од Охрид.

Притоа на присутните им се подарени донирани книги, а им е продолжено за уште една година и бесплатното членство во Библиотеката „Григор Прличев“. аб/вг/

фото/Библиотека „Григор Прличев“

 

Остани поврзан