• вторник, 24 септември 2024

Официјално: Реал го продаде Хакими на Интер

Официјално: Реал го продаде Хакими на Интер
Мадрид, 2 јули 2020 (МИА) - Мароканскиот дефанзивец, Ашраф Хакими премина во Интер за надомест за трансфер од 40 + 5 милиони евра, соопштија од неговиот клуб Реал Мадрид. Неговиот договор со „нероазурите“ ќе биде до 2025 година. Во последните две сезони, 21-годишниот играч играше како отстапен во Борусија (Дортмунд) и стана една од сензациите во Бундеслигата. Ашраф е дете Реал Мадрид, откако влегува во академијата на „белите“ уште во 2006 година.

Тагови

Остани поврзан