• сабота, 23 ноември 2024

Отсега отворање сметка во Халкбанк на кој било шалтер на Пошта

Отсега отворање сметка во Халкбанк на кој било шалтер на Пошта
Скопје, 29 август 2022 (МИА) - Сите корисници на поштенски услуги отсега, во која било од 324 активни поштенски единици на Македонска пошта АД, со 470 шалтерски места, ќе можат да отворат сметка во Халкбанк АД Скопје со што стануваат клиенти на банката и со тоа добиваат можност за безготовинското плаќање сметки и други режиски трошоци преку нивната сметка во банката со пониски провизии, но и пристап до други банкарски услуги што ги нуди банката. Имено, досега во Пошта преку платниот промет на Халкбанк можеа да се реализираат безготовински плаќања и плаќања во готово, вклучително и плаќање сметки за комунални услуги. Сега, со можноста за отворање на трансакциска сметка во Халкбанк преку шалтерите на Пошта, се проширува делувањето и достапноста на банкарските услуги до сите средини во чија близина нема банкарски филијали или експозитури. На шалтерите на Пошта, освен отворање сметка, граѓаните ќе можат да ги ажурираат личните податоци, да поднесат барање за добивање кредитна картичка, да аплицираат за кредит – потрошувачки, за пензионери, станбен, или да затворат сметка. На кој било шалтер на Пошта исто така ќе можат да поднесат барање за дозволено пречекорување што е овозможено за сите приматели на плата или пензија преку Халкбанк, за добивање пензија преку Халкбанк или за добивање дебитна картичка, за електронско банкарство, барање за СМС-услуги, за студентски пакет и други банкарски услуги. дма/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан