Откриена причината за оштетување на градската фонтана во Делчево
- Откриена причината за оштетување на градската фонтана во Делчево. Во соопштението од Општина Делчево во врска со последниот вандалски чин од општината посочија дека ќе бидат преземени сите м
Делчево, 3 мај 2022 (МИА) - Откриена е причината за оштетување на градската фонтана во Делчево, соопштија од делчевската локлна самоуправа во врска со последниот вандалски чин, посочувајќи дека ќе бидат преземени сите мерки согласно законските надлежности.
- По прегледувањето на видеоматеријалите од надзорните камери поставени во централното градско подрачје, како што информираа од Општината познати се и сторителите заради што ќе следува преземање на сите мерки согласно со законските надлежности на Општината.
Во насока на грижа и сочувување на урбаната опрема за општо добро, Општина Делчево апелира до граѓаните да се грижат за општинскиот имот, бидејќи крадењето или уништувањето на урбаната опрема значи уништување на јавни добра купени со буџетски средства.
За уништување и оштетување на урбана опрема како што додадоа казните се во висина од 200 евра во денарска противвредност.
- Од тој аспект, граѓаните треба да се сами свесни дека со уништување на урбаната опрема во градот, самите себеси си прават штета, а исто така, согласно со актуелните законски одредби, забрането е уништување на урбана и друга опрема, за што е предвидена мандатна казна за сторителите која изнесува 200 евра во денарска противвредност, додадоа од Општината.
Со цел заштита на јавните добра, освен на споменатата локација, Општина Делчево има поставено надзорни камери, уште на неколку локации меѓу кои пешачкиот мост „Гоце Делчев" и тениското игралиште во близина на градскиот стадион во Делчево. вс/свс/