Откажани штрајковите на железничарски и поштенските работници во Велика Британија
- Планираните штрајкови на британските железничарски и поштенските работници се откажани поради смртта на кралицата Елизабета Втора.

Лондон, 8 септември 2022 (МИА) - Планираните штрајкови на британските железничарски и поштенските работници се откажани поради смртта на кралицата Елизабета Втора.
Членовите на синдикатот RMT требаше да излезат на улиците на 15 и 17 септември, по долготрајниот спор околу платите и работните места.
Здружението на вработени во транспортот, исто така, ги откажа планираните штрајкови.
Во меѓувреме, членовите на Синдикатот на комуникациските работници требаше да продолжат со 48-часовниот протест утре - но и ова е откажано. ссм/