• четврток, 29 август 2024

Откажани летови во Мексико Сити поради вулканската пепел од Попокатепетл

Откажани летови во Мексико Сити поради вулканската пепел од Попокатепетл

Мексико Сити, 28 февруари 2024 (МИА) - Меѓународниот аеродром во Мексико Сити соопшти дека авиокомпаниите откажале 22 домашни и меѓународни летови за да ја проверат нивната безбедност откако авионите биле засипани од пепел од вулканот Попокатепетл додека летале кон мексиканската престолнина, пренесоа британските медиуми.

Аеродромот вчера на платформата X соопшти дека останува отворен и оперативен и дека облакот од вулканска пепел се движи кон Мексиканскиот залив.

Владата објави жолта тревога поради активностите на Попокатепетл, додаваат британските медиуми.

Попокатепетл се наоѓа на околу 70 километри од Мексико Сити. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан