• понеделник, 23 декември 2024

Откажана Мото ГП трката за ГН на Казахстан

Откажана Мото ГП трката за ГН на Казахстан


Лондон, 15 јули 2024 (МИА) – Трката во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Казахстан, закажана за септември, денеска е откажана поради логистички причини, соопшти Меѓународната мотоциклистичка федерација (ФИМ).
„Оперативните и логистичките проблеми кои произлегоа од неодамнешните поплави во регионот го оневозможија организирањето на настанот оваа година“, се вели во соопштението на ФИМ и натпреварувачкиот промотор Дорна.
Трката во Казахстан ќе биде заменета со Големата награда на Емилија Ромања, која ќе се вози од 20 до 22 септември на патеката Мисано.
Оваа промена во календарот значи дека Мисано ќе биде домаќин на две трки оваа година, бидејќи возачите ќе се натпреваруваат на оваа патека неколку недели порано за време на Големата награда на Сан Марино. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан