• вторник, 24 декември 2024

Отворен хотелот „Мандела“ во ЈАР

Отворен хотелот „Мандела“ во ЈАР
Јоханесбург, 17 февруари 2022 (МИА) - Домот и околниот имот на поранешниот јужноафрикански претседател и револуционер против апартхејдот во Јужна Африка, Нелсон Мандела, во Јоханесбург, е претворен во хотел и неодамна ги доби првите резервации за гости. https://twitter.com/i/status/1493605906533294085 „Светилиштето Мандела“ (Sanctuary Mandela) е своевидна жива галерија во чест на политичкиот лидер кој почина 2013 година на 95-годишна возраст. Одморалиштето нуди сместување, но и ресторан со мени инспирирано од Мандела, а ѕидовите се украсени со сувенири во чест на првиот црнец претседател на Јужна Африка. Има девет соби и чини од 260 долари за ноќ до 1.000 долари за претседателскиот апартман, сместен во поранешната спална соба на иконата. Овој филантроп живеел на имотот во Јоханесбург откако бил ослободен од затвор - од 1992, до 1998 година. Во овој хотел истовремено може да престојуваат до 18 гости. Во ресторанот, на посетителите може да ги пробаат омилените јадења на преттседателот, приготвени од неговиот долгогодишен готвач Ксолисва Ндојија. На почетокот на оваа година, планираната аукција на имотот на Мандела - вклучувајќи го и клучот од неговата затворска ќелија на злогласниот остров Робен - беше откажана поради контроверзии. Имено, јужноафриканската Агенција за наследство го контактираше претседателот на аукциската куќа за да објави дека предметите се „потенцијални национални богатства“ и дека им е потребна дозвола за да ја напуштат Јужна Африка.  си/

Остани поврзан