• четврток, 20 февруари 2025

Отворен повикот за аплицирање за шестото издание на Наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција

Отворен повикот за аплицирање за шестото издание на Наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Отворен е повикот за аплицирање за шестото издание на Наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција. Ова издание е посветено на позитивните постигнувања за вклучувањето на Ромите во секторот образование. Краен рок за аплицирање е 28 февруари 2025 година.

Интеграцијата на Ромите е клучен приоритет во процесот на проширување на ЕУ, а Европската Комисија е посветена на поддршка и признавање на работата на актери од ромската и неромската заедница (јавни институции, приватни компании и граѓански организации) во оваа област.

Наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција има за цел да ја зајакне политичката посветеност и да ја поддржи интеграцијата на Ромите во регионот. Таа ги препознава иницијативите кои значително ги подобриле животите на Ромите и кои можат да бидат реплицирани во иднина.

Наградата е финансирана од Европската Унија и имплементирана од Roma Active Albania. мд/сст/

Фото: Регионална ромска образовна младинска асоцијација

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан