• петок, 05 декември 2025

Отворен ден на Армија на Република Северна Македонија в недела во Кавадарци 

Отворен ден на Армија на Република Северна Македонија в недела во Кавадарци 

Кавадарци, 29 мај 2025 (МИА) - Отворен ден на Армија на Република Северна Македонија и презентација на воената вежба „Брз одговор 2025“, ќе се реализира во недела во Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- На градскиот плоштад со почеток од 11 часот, ќе започне показната вежба „Брз одговор 25“ - „Immediate response 25’’. На плоштадот ќе бидат изложени оклопни возила, борбени возила, вооружување и заштитна опрема. На вежбата ќе учествуваат припадници од армиите на Република Македонија, САД, Република Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, ОК, Австрија и Косово. Цел на вежбата е подобрување на сојузничките воени способности, интероперабилноста на сојузниците и партнерите и преку демонстрација на висока подготвеност, да се влијае на одвраќање на било кој вид на малициозни активности од потенцијалните противници, информираат од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму истакнаа дека настанот претставува пример за успешна меѓународна соработка, која ги надминува класичните воени параметри и преминува во доменот на долгорочен регионален просперитет и стабилност.

Важно е да се напомене дека на самиот настан безбедноста ќе биде на највисоко ниво, подвлекоа од градоначалничкиот кабинет. свд/ев/

ФОТО: 

Остани поврзан