Отворено 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Сарај Фест“
- Во организација на културно - уметничко друштво „Дрита е Дервенит“ вечерва започна 12-тото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Сарај Фест“, што се одржува во Општината Сарај.

Скопје, 6 мај 2022 (МИА) - Во организација на културно - уметничко друштво „Дрита е Дервенит“ вечерва започна 12-тото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Сарај Фест“, што се одржува во Општината Сарај.
На отворањето присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која истакна дека ваквите културни манифестации, пред сè, ја збогатуваат културната понуда на градот Скопје, а нивното значење е обединувачко за развој на различните традиционални фолклорни елементи и народните песни кои се богатство на нашиот народ.
Фестивалот ќе трае до 8 мај, а ќе настапат над 15 културни уметници и групи од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и од Црна Гора. ки/вг/
