• понеделник, 16 декември 2024

Отворено кино со македонски филмови вечерва Отешево

Отворено кино со македонски филмови вечерва Отешево
Ресен, 31 јули 2021 (МИА) – По повод одбележување на Преспанското советување вечерва кај споменикот на Преспанското советување во Отешево се прикажуваат филмовите „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски и „Џган“ на Вардан Тозија. Отвореното кино е дел од мултимедијалниот фестивал на традицијата и историјата во Преспа „Преспаленд“, што на 10 јули почна со одбележување на првиот час по македонски јазик, во старото училиште „Димитар Влахов“, во селото Љубојно. Во рамките на манифестацијата на 2 август, Илинден, во Ресен, концерти ќе одржат македонскиот етно состав „Љубојна“ и Слаткаристка. Во наредните три месеци на „Преспаленд“ ќе се одржат едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а најавени се и многу сценски изведби и изложби. Организаторот, најавува посета на шест села, со 11 настани, како и време поминато во природа и разубавување на 11 локации. сс/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан