Отворени се сите избирачки места во трите општини во Југоистокот каде се избира градоначалник во втор круг
- Сите избирачки места во трите општини во Југоистокот-Валандово, Конче и Дојран се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во овие општини имаат вкупно 16 366 граѓани, кои треба да одлучат за кој кандидат за градоначалник ќе го дадат својот глас.
Струмица, 2 ноември 2025 (МИА) - Сите избирачки места во трите општини во Југоистокот-Валандово, Конче и Дојран се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во овие општини имаат вкупно 16 366 граѓани, кои треба да одлучат за кој кандидат за градоначалник ќе го дадат својот глас.
Според информациите од општинските изборни комисии, гласањето засега тече во најдобар ред. Во Валандово се гласа на 24 избирачки места, во Конче на седум и во Дојран на осум избирачки места.
Вчера гласаа болните и изнемоштените во овие три општини. рт/лв/
Фото: МИА архива