• среда, 27 ноември 2024

Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот

Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот

Струмица, 8 мај 2024 (МИА) - Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во вториот круг на претседателските и парламентарните избори имаат 141.167 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии гласањето тече во најдобар ред.

Инаку, во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија. рт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан