• среда, 25 декември 2024

Отворени нови канцеларии на управни служби во ОВР Струга

Отворени нови канцеларии на управни служби во ОВР Струга

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Во ОВР Струга денеска се отворени нови канцеларии на управните служби. Како што соопшти МВР, новите простории се префрлени во старата зграда на Општина Струга, на улицата „Маршал Тито“.

На отворањето на просториите присуствувал заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, кој истакнал дека преку соработка со Општина Струга и градоначалникот, овозможено е просториите на Отсекот за управни служби и Отсекот за оружје во Струга да се префрлат во старата општинска зграда.

-МВР пристапи кон реновирање на приземјето со цел да овозможи подобри услови за вработените и граѓаните, а во насока на нормално функционирање на службите. Со ова се излегува во пресрет на граѓаните на Струга и регионот, во иднина своите права и обврски од овој делокруг да ги вршат на еден подостоинствен начин. МВР е решено целосно да го смени изгледот и начинот на функционирањето на управните служби низ цела Македонија бидејќи тие се, пред се, лицето на државата, истакнал Исени.

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатиов период се отворени нови канцеларии на управни служби во повеќе реони низ државата со цел граѓаните да имаат побрз и поквалитетен пристап до услугите кои им се потребни. хс/цр

Фото и видео: МВР

Остани поврзан