Отворена сезонска авионска линија Осло-Скопје
- На Меѓународниот аеродром во Скопје денеска пристигна првиот авион на норвешката авиокомпанија „Norwegian“ која ќе сообраќа двапати неделно. Оваа авиолинија ќе биде сезонска, а авионите ќе сообраќаат секој понеделник и петок.

Скопје, 23 јуни 2023 (МИА) - На Меѓународниот аеродром во Скопје денеска пристигна првиот авион на норвешката авиокомпанија „Norwegian“ која ќе сообраќа двапати неделно.
Оваа авиолинија ќе биде сезонска, а авионите ќе сообраќаат секој понеделник и петок.
Патниците од Осло на скопскиот аеродром ги пречекаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт. сан/бак/
Фото: МИА