• среда, 25 декември 2024

Отворена ревијална колективна изложба на уметнички дела „Зимски салон“ во Тетово

Отворена ревијална колективна изложба на уметнички дела „Зимски салон“ во Тетово

Тетово, 11 декември 2023 (МИА) – Здружението на ликовни уметници на град Тетово вечерва во центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ одржа свечено отворање на ревијалната колективна изложба „Зимски салон“. На изложбата учествуваа членовите на Здружението но и уметници од другите градови.

-На традиционалната ревијална колективна изложба „Зимски Салон 2023“ се изложени 48 уметнички дела од исто толку уметници. Делата се од областа на сликарство, графика, графички дизајн, дигитална фотографија и инсталации, истакна Арбенита Мета, претседателка на Здружението на ликовно уметници.

Осврт на изложбата имаше универзитетскиот професор и уметник Арлинд Фаризи, кој во обраќањето пред присутните рече дека „Зимскиот салон 2023“ веќе се претвори во скромна институција за промоција на најостварените естетски вредности на уметности во последните години.

-Овие дела, експресивни, апстрактни и реалистични и од познати уметнички правци, на нови и стари генерации сликари, графичари, додавајќи овде и неколку мозаични и графички дела се претвораат во оригинален лајтмотив на нивната креативност како и во видливи и скриени тензии во композициските структури кои само талентираните знаат вешто да ги реализираат, истакна Фаризи.

Додаде дека „Зимски салон 2023“ е сигурен знак дека пости генерација на сликари и графичари кои се своите оригинални дела се подготвени да се натпреваруваат на светските арени.

По повод изложбата издаден е и каталог во кој се објавени уметничките дела. ас/сх/

Фото: МИА 

Остани поврзан