Отворена нова сензорна соба во градинката "Димче Мирчев"во Велес
- Во градинката „Димче Мирчев“ во објектот шест кај Градското пазариште во Велес денеска беше отворена нова соба за сензорна интеграција, која е опремена со разновидни сензорни, светлечки и тактилни реквизити и помагала. Дополнително, Општинската јавна установа Детска градинка "Димче Мирчев" е првата градинка во Македонија која располага со Voice Toys, кои претставуваат оригинална и иновативна платформа за сензомоторичка стимулација и развој на гласот, говорот и слухот,информира попладнево градоначалникот Марко Колев.
Велес, 7 април 2026 (МИА) - Во градинката „Димче Мирчев“ во објектот шест кај Градското пазариште во Велес денеска беше отворена нова соба за сензорна интеграција, која е опремена со разновидни сензорни, светлечки и тактилни реквизити и помагала. Дополнително, Општинската јавна установа Детска градинка "Димче Мирчев" е првата градинка во Македонија која располага со Voice Toys, кои претставуваат оригинална и иновативна платформа за сензомоторичка стимулација и развој на гласот, говорот и слухот, информира попладнево градоначалникот Марко Колев.
Тој информира дека новата сензорна соба ќе биде од особено значење за дефектолошка и логопедска пракса и специјални третмани за децата на кои им е потребна дополнителна поддршка. 
Со оваа сензорна соба воедно беше одбележан и 7 април- патрониот празник на градинките во Велес.
ад/лв/
Фото Општина Велес