• сабота, 21 декември 2024

Отворена колективна изложба „Пролетен салон 2022“

Отворена колективна изложба „Пролетен салон 2022“
Тетово, 17 мај 2022 (МИА) - Здружението на ликовни уметници на град Тетово вечерва свечено ја означи за отворена традиционалната ревијална колективна изложба „Пролетен салон 2022“ во просториите на националната установа Уметничка галерија – Тетово. На изложбата 35 визуелни уметници се преставуваат со 36 уметнички дела од областа на сликарство, вајарство, графика, графички дизајн и фотографија. - Без разлика на полот и техниките што се користат делата на ова издание нудат слики кои ги одразуваат односите што уметниците се обидоа да ги изградат во однос на нивната тема. Нивниот фигуративен јазик иако го следи личните координати, е отворен за асоцијации и толкувања, сосема слободно, посочи Нора Халими уметнички критичар на изложбата. Здружението има над 200 члена. - Универзитетот во Тетово каде има Факултет за уметност генерира секоја година нови кадри за сликарство, вајарство, дизајн и графика и така имаме голем број уметници кои секоја година стануваа дел од здружението, изјави Илирјан Беќири, претседателот на Здружението на ликовни уметници на град Тетово. Изложбата ќе биде отворена во наредните седум дена. ас/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан