Отворена изложба на Роберт Глигоров во галеријата Остен
- Во галеријата Остен во Скопје денеска е отворена самостојната изложба на уметникот Роберт Глигоров со наслов „УРОБОРО“. Ретроспективната изложба на делата од Глигоров, создадени од 1997 - 2022 година, ќе трае до 12 март.
Скопје, 23 февруари 2023 (МИА) - Во галеријата Остен во Скопје денеска е отворена самостојната изложба на уметникот Роберт Глигоров со наслов „УРОБОРО“. Ретроспективната изложба на делата од Глигоров, создадени од 1997 - 2022 година, ќе трае до 12 март.
-Фокусиран е на телото, неговата метаморфоза и перформанси. Но, неговите истражувања исто така обработуваат социјалните и политичките прашања. Неговите дела предизвикуваат намерно шокантни или вознемирувачки кратки споеви, оставајќи го гледачот да размислува за постоењето и вообичаеното страдање, истакнуваат од галеријата Остен.
Роберт Глигоров е роден во 1960 година, во Крива Паланка, а живее и работи во Милано, Италија. Тој е првенствено познат по неговите фотографии, изложувани на многу места во Европа. ир/аа/