• среда, 18 декември 2024

Отворена изложбата „Портата на животот“ на Марија Рашковиќ

Отворена изложбата „Портата на животот“ на Марија Рашковиќ
Скопје, 5 октомври 2020 (МИА) - Во галеријата „Ко-РА“ вечерва беше отворена изложбата „Портата на животот“ преку која уметницата и професор Марија Рашковиќ на концептуален начин ја посочува својата визија за генезата во природата во аналогија со човековата природа. Според стручниот соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура, Виолета Калиќ, преку избор на 23 цитати на бројни мислители и личниот печат на Рашковиќ, изложбата нé поведува кон нишката која се проткајува низ животниот пат. -Преку избор на 23 цитати на бројни истакнати мислители, хуманисти, философи и писатели, претставници на повеќе генерации од разнородни периоди на културната историја, меѓу кои Леонардо да Винчи, Бернард Шо, Аристотел, Лао Це,Хемингвеј, Лав Толстој, Шекспир, но и Филип II Македонски, како и нејзиниот личен цитат посветен на прегратката, посочувајќи повеќе светогледи и дискурси, нé поведува кон нишката која се проткајува низ животниот пат, кон извишувањето во потрагата по етичките и хуманите вредности, посочи Калиќ. Таа појаснува дека контрастите на светлото и сенката, темнината и светлината ја посочуваат дихотомијата која ја содржи и симболиката на портата- со повеќекратна метафоричност која нé поведува во доживелицата на енигмата на раскрилувањето. -Портата како предизвик да се допре, да се осознае светот со кој нé спојува и нé подвојува, радоста и тагата, доброто и злото, свеста и потсвеста, ...времето изминато, сегашно и идно...моќта и немоќта, сонот и јавето, светлината и темнината, важното и неважното....Портата и како архитектонски елемент ја има симболиката во себе да ги обединува просторите, времето, стиловите и светогледите, наведува Калиќ.бт/лв/

Остани поврзан