• вторник, 17 декември 2024

Отворена изложбата на Стефан Анчевски во Кичево

Отворена изложбата на Стефан Анчевски во Кичево

Кичево, 16 септември 2021 (МИА) - Во уметничкиот салон во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево денеска беше отворена самостојната изложба „Човек- број“ на ликовниот уметник од Куманово, Стефан Анчевски.

Како што посочи на својата изложба авторот Анчевски, поместени се 15 графички решенија изработени со различни постапки и добиени по пат на случајност, без контрола над една од најконтролираните техники графиката.

-Појдовната точка на овој ликовен проект кој сосема случајно, во тоа бескрајно чекање, почна да се развива за да го анализира човекот како број ,поточно да го претвори или само да констатира дека од човековиот идентитет, човекот се дефинира по случајност на броеви, нагласи авторот.

Оваа изложба финснсиски е подржана од Министерството за култура.за/бт/

Остани поврзан