• недела, 28 јули 2024

Отворање сензорна соба во ООУ „Страшо Пинџур“ во Неготино

Отворање сензорна соба во ООУ „Страшо Пинџур“ во Неготино
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Во ООУ „Страшо Пинџур“ во Неготино денеска ќе биде отворена сензорна соба опремена со дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема. Отворањето на сензорната соба е во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија, кој го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“. Целта на проектот е подобрување на инклузивноста на основните училишта во државата.

 На настанот е најавено присуство на претстатвници од Фондацијата и од Општина Неготино. хс/вг/

   

Остани поврзан