Отворање на првото урбано издание на фестивалот „Еволуција на сонот“
- - Настанот, отворен за публика од сите возрасти, ќе ги обедини музиката, перформансот, визуелната уметност и креативноста, славејќи го културниот дијалог, уметничкото експериментирање и колективното поврзување преку културата. Благодарение на поддршката на Амбасадата на отворањето ќе настапат ,,Паломарт" од Неапол, уметничкиот колектив кој со текот на годините се етаблираше како вистинска меѓународна уметничка мрежа, велат од Амбасадата на Италија во земјава.
Скопје, 11 септември 2025 (МИА) - Во централниот парк во Ѓорче Петров од денеска од сабота ќе се одржува првото урбано издание на фестивалот „Еволуција на сонот“.
- Настанот, отворен за публика од сите возрасти, ќе ги обедини музиката, перформансот, визуелната уметност и креативноста, славејќи го културниот дијалог, уметничкото експериментирање и колективното поврзување преку културата. Благодарение на поддршката на Амбасадата на отворањето ќе настапат ,,Паломарт" од Неапол, уметничкиот колектив кој со текот на годините се етаблираше како вистинска меѓународна уметничка мрежа, велат од Амбасадата на Италија во земјава.
Фестивалот ќе почне со настап на уметници и музичари од Португалија, Бразил и Италија со аудио-визуелни перформанси, концерти, диџеј-сетови, уметнички инсталации и мурална уметност. Во следните два дена ќе биде истакната урбаната скопска култура и улична уметност, а последниот ден ќе биде збогатен со новиот призвук на македонската музичка сцена заедно со бендовите Џун и Пијан Славеј.
Фестивалот датира од 2016 година, кога старата куќа на Рузвелтова 44а беше претворена во уметнички простор пред нејзиното рушење. Подоцна проектот продолжи во Кинотеката на Македонија со музичко-визуелни настапи и изложби. Ова е негово трето издание, но прво во форма на урбан фестивал што, како што најавуваат организаторите, ќе продолжи да расте и да се надградува во наредните години. бак/хс/
Фото: Амбасада на Италија