Отворање на нова градинка во Тетово
- Нова градинка „Рилиндја“ при Јавната установа „Младост“ ќе биде отворена денеска во Тетово, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Скопје, 22 јануари 2025 (МИА) - Нова градинка „Рилиндја“ при Јавната установа „Младост“ ќе биде отворена денеска во Тетово, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.
По повод отворањето на градинката, најавени се обраќања на ресорниот министер Фатмир Лимани, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас, градоначалникот на Тетово, Билал Касими, и директорка на ЈУ „Младост“ - Тетово, Фатлинда Јаја. хс/вг/
Фото: МИА архива