• четврток, 26 декември 2024

Отворање на изложбата „Скопска градска општина“ по повод 13 Ноември

Отворање на изложбата „Скопска градска општина“ по повод 13 Ноември
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Изложба „Скопска градска општина“ од авторката Јасмина Дамјановска, ќе биде отворена утре во Музејот на град Скопје по повод 13 Ноември - Ден на ослободување на градот Скопје. Изложбата, како што најавуваат организаторите, е замислена како водич низ меморијата што ја има собрано на едно место Државниот архив - Одделение Скопје за постоењето и за дејствувањето на Скопската Општина, но и за трансформацијата што му се случува на градот Скопје со нејзиното конкретно функционирање. Низ 22 паноа и околу 300 документи и фотографии, претставен е периодот од крајот на 19. век, кога функционирала Скопската Турска Општина, потоа Градското поглаварство на Општината на град Скопје 1918 – 1941 г., Скопската Општина 1941 – 1944 г. и Скопската Општина преку градоначалниците од 1944 до денес. Говорници на настанот се Татјана Сапунџиовска-Алексоска, раководител на Државниот архив - Одделение Скопје, и авторката Јасмина Дамјановска. Во рамките на настанот, како што е најавено, ќе биде претставена уште една изложба на автори од Музејот на град Скопје. На овој начин, од Државниот архив информираат дека се вклучува во одбележувањето на 13 Ноември – Ден на ослободување на градот Скопје, кој воедно е патронен празник на Државниот архив - Одделение Скопје. аа/вг/

Остани поврзан