• среда, 25 декември 2024

Отворање канцеларија на Европската инвестициска банка во Скопје

Отворање канцеларија на Европската инвестициска банка во Скопје
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Инвестициските и развојни планови за земјата и клучните цели поврзани со отворањето на локалната канцеларија на Европската инвестициска банка ќе бидат претставени денеска во Скопје на настан по повод официјалното отворање на Канцеларијата во Скопје. На настанот, како што е најавено, ќе се обратат потпретседателката на на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими и евроамбасадорот Дејвид Гир. Европска инвестициона банка (ЕИБ) е непрофитна финансиска институција на Европската унија (ЕУ), со седиште во Луксембург, формирана во 1958 година со Римскиот договор. Нејзина основна задача е да придонесе кон интеграција, балансиран развој и социјална и економска кохезија на земјите членки на ЕУ, додека почнувајќи уште од 1963 година, ЕИБ во согласност со европската политика за соработка и помош во развојот одобрува заеми и на земји кои не се членки на ЕУ. Со потпишувањето на Протоколот 3 за финансиска соработка на Спогодбата за соработка меѓу Република Македонија и Европската заедница во 1997 година, ЕИБ за прв пат почна да ѝ доделува заеми на Република Северна Македонија како суверен заемопримач. Соработката е зајакната во април 2008 година со потпишување на Рамковната спогодба со ЕИБ за регулирање на активностите на ЕИБ во Република Северна Македонија, со што се отворија нови можности за реализација на проекти од области кои се од клучно значење за Република Северна Македонија. Активностите на ЕИБ се фокусираат главно на четири приоритетни области, и тоа - иновации и вештини; пристап до финансии за малите претпријатија; инфраструктура и животна средина и климатски промени. аа/сп/

Остани поврзан