Осум возила учествувале во сообраќајна несреќа на автопатот Штип - Скопје
- Во сообраќајната несреќа на автопатот Штип - Скопје, која се случи утринава, учествувале осум возила, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Штип, 23 февруари 2026 (МИА) - Во сообраќајната несреќа на автопатот Штип - Скопје, која се случи утринава, учествувале осум возила, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) .
- Денеска, 23.2.2026, околу 7 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Штип - Скопје, по наплатната станица „Преод“ во насока кон Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу осум возила - соопштуваат од МВР.

Во соопштението се вели дека на местото на настанот излезени се полициски службеници од СВР Скопје, а за тоа колку лица се повредени во несреќата и за причините најавија дека ќе информираат во текот на денот. вдј/вг/
Фото: МИА