• среда, 25 декември 2024

Осумнаесет европски компании го напуштаат проектот Северен тек 2

Осумнаесет европски компании го напуштаат проектот Северен тек 2
Берлин, 23 февруари 2021 (МИА) - Најмалку 18 европски компании веќе го напуштија „Северен тек 2“ поради заканите на САД да воведат санкции за учесниците во проектот, објави германски „Тагесшпигел“, повикувајќи се на извештај на американскиот Стејт департмент. Меѓу компаниите кои одбија да учествуваат во проектот се германските концерни „Билфингер СЕ“ и „Минхен Ре Синдикат“. Соединетите Американски Држави донесоа голем број закони кои предвидуваат санкции против изградбата на гасоводот „Северен тек-2“. Според шефот на прес-службата на Стејт департментот, Нед Прајс, повеќе од 15 правни лица „со добра волја направија напори да ги прекинат своите активности поврзани со изградбата на гасоводот“. паг/  

Остани поврзан