• среда, 27 ноември 2024

Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“

Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал осуденикот И.А.(65) од Тетово, кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а кој претходно бил донесен со влошена здравствена состојба.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен ноќеска, во 02.30 часот по полноќ во СВР Скопје.

По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. вг/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан