Остин: Ќе ги поддржиме и Украина и Израел, ние сме најсилни во светот
- Соединетите Американски Држави се способни истовремено да ја поддржат Украина во војната против Русија и Израел по бруталниот напад на Хамас, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.
Вашингтон, 11 октомври 2023 (МИА) – Соединетите Американски Држави се способни истовремено да ја поддржат Украина во војната против Русија и Израел по бруталниот напад на Хамас, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.
– Можеме да ги направиме, и ќе ги направиме и двете работи. Ние сме најсилната нација во светот, порача Остин денеска во Брисел, во седиштето на НАТО.
САД почнаа му праќаат на Израел воена помош, вклучително и клучна муниција, и ќе обезбедат повеќе пресретнувачи за израелскиот одбранбен систем „Железна купола“, додаде американскиот министер.
Вашингтон исто така испрати војници во регионот и е подготвен да распореди дополнителни ресурси.
– За која било земја, за која било организација, за секој кој размислува да се обиде да ја искористи агонијата во Израел за да го прошири овој конфликт или да пролее повеќе крв, имаме само еден збор: Немој! Ние и натаму ќе се грижиме Израел да го добие она што му е неопходно да се заштити себеси и своите граѓани, заклучи Остин. јт/
Фото: МИА архива