• вторник, 24 декември 2024

Остин: САД не се во војна со Русија 

Остин: САД не се во војна со Русија 

Вашингтон, 26 мај 2023 (МИА) - САД не се во војна со Русија, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Лојд Остин на брифинг во одговор на загриженоста дека американски воени возила наводно биле употребени од милитантите кои нападнаа пограничен регион на Русија во понеделникот, што би било причина Москва да ги вовлече САД директно во војната. 

-Ние не сме во војна со Русија. Ова е борба на Украина. Нашата цел е да се осигураме дека правиме сѐ што можеме да се осигураме дека Украина е успешна, изјави Остин. 

САД одамна бараат од Украина да не употребува американско оружје на руска територија, изјави началникот на Здружениот генералштаб на воените сили, Марк Мили, кој учествуваше на брифингот и го повтори ставот на Остин дека САД и НАТО од една и Русија од друга страна, не се во војна. 

-Можам да кажам дека ги замоливме Украинците да не употребуваат опрема набавена од САД за директни напади во Русија. Ова е украинска војна, не војна меѓу САД и Русија. Не е војна меѓу НАТО и Русија, изјави Мили на пресот. кб/ сд/

Остани поврзан