• вторник, 24 декември 2024

Остар пад на норвешкиот извоз во март

Остар пад на норвешкиот извоз во март

Осло, 15 април 2024 (МИА) – Норвешкиот извоз во март нагло опадна како одраз на значително намалените испораки на гас, покажа извештајот на норвешкиот Завод за статистика. 

Во март извозот е намален за 20,5 отсто во однос на истиот месец лани, а увозот за 23,1 отсто. 

Остриот пад на извозот е одраз на значително намалените испораки на гас, за 38,1 отсто во однос на ланскиот март. Речиси запре извозот на бродови и нафтени платформи, додека извозот на нафта скокна за 15,7 отсто.

Доколку се исклучат гасот, нафтата и опремата за секторот јаглеводороди, извозот е намален за 25,1 отсто во однос на март 2023 година. Во однос на февруари извозот е зголемен за 9,5 отсто, а увозот речиси стагнира. 

Во однос на февруари, извозот на гас пораснал за 16,6 отсто, а на нафтата за 25,2 отсто.

Надворешно-трговскиот биланс за март покажа суфицит од 64,0 милијарди норвешки круни, што е за 17 отсто помалку од истиот месец лани. Во однос на февруари тој е за 23,7 отсто поголем.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан