• понеделник, 23 декември 2024

Особини на верниот маж

Особини на верниот маж

Торонто, 23 септември 2024 (МИА) - Кога некој бара партнер, на врвот на приоритетите скоро секогаш се верноста, лојалноста и доверливоста. Со еден збор: Луѓето кои се во потрага по сериозна врска, сакаат партнер кој не изневерува.

За жал, таа желба понекогаш завршува со болно разочарување. Тоа е затоа што и луѓето и околностите се менуваат со текот на времето.

Иако е тешко да се дојде до точна статистика - многу луѓе не сакаат да признаат неверство, истражувачите се согласуваат дека меѓу 30 и 50 отсто од мажите и 20 до 40 отсто од жените се неверни. Значи, може ли има целосна сигурност дека тој / таа до нас нема да изневерува? - Не. 

Сепак, според стручњаците, треба да се обрне внимание на неколку одредени особини коишто укажуваат на верен маж...

1. Се држи до зборот и во другите области од животот

Довербата и сигурноста во различни области од животот - се добри показатели за верноста и во љубовта. Според главните психолошки теории, довербата е клучна за развивање и одржување долгорочна љубовна врска.

Како што пренесува порталот „Индекс“, истражувањата потврдуваат дека високото ниво на доверба во партнерот позитивно влијае на љубовта, среќата, погледот и квалитетот на врската, секојдневните односи, проактивните потфати во корист на врската и чувството на посветеност.

2. Тој „ги загледува“ твоите пријател(к)и, но држи растојание

Истражувачите од Универзитетот на Викторија во Канада открија дека речиси половина (45 насто) од мажите и повеќе од четвртина (26 отсто) од жените чувствуваат привлечност кон пријател(к)ите на нивниот партнер и понекогаш се во искушение да постапат според нагоните и страстите.

Сепак, верните мажи држат пристојно растојание во однос на другите жени во опкружувањето.

3. Не чува тајни

Малите тајни со текот на времето можат да станат големи. Истражувањата покажуваат дека чувањето тајни може да му наштети на менталното здравје. Постојаното премолчување негативно влијае на врската затоа што поттикнува недоверба и, подоцна - недостаток на поддршка.

4. Тој вложува напор за одржување на пријателството и романтиката со партнерката

Многу луѓе кои влегуваат во афери не успеале да ја продлабочат својата љубовна врска вон почетната „фаза на занес и возбуда“, посочуваат стручњаците. Според истражувањето на Американската психолошка асоцијација (АПА), љубовните врски можат да бидат поисполнувачки ако се засноваат на пријателство. Анализата на речиси 8.000 испитаници од „Британскиот панел за домаќќинства и испитувања“ (Panel of British Household Surveys), покажа дека оние кои изјавиле дека нивниот брачен другар е и нивен најдобар пријател, се двојно позадоволни од врската и животот.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан