• вторник, 24 декември 2024

Основниот кривичен суд Скопје ги отвори вратите за средношколци, во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на правдата

Основниот кривичен суд Скопје ги отвори вратите за средношколци, во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на правдата

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Основниот кривичен суд Скопје, по повод Европскиот ден на правдата, ги отвори вратите за нови средношколци од СЕПУГС „Арсение Јовков“ од Скопје кои во текот на учебната година, еднаш неделно, ќе посетуваат практична настава во Кривичниот суд, како дел од проектот „Учење работа преку познат работодавач“.

- Во рамки на одбележувањето на денот на правдата, но и во контекст на заложбите на судот за поголемена транспарентност и отчетност, Основниот кривичен суд Скопје, изминатите денови организираше посета на средношколци од правните средни училишта на град Скопје кои имаа можност изворно да се запознаат со начинот на работа во судот, преку судските писарници, техничките услови во судниците, постапувањето на Канцеларијата за односи со јавност, како и да разговараат со судии од одделот Кривично полнелетни во однос на постапувањето на судијата, информираат од Кривичниот суд.

Воедно, судот во текот на минатата недела организираше и брифинг со претставниците на медиумите кои ја следат работата на судот за сите актулени теми поврзани со судските постапки кои се од јавен интерес.

Со овие активности Основниот кривичен суд Скопје, се вели во соопштението, го одбележа Европскиот ден на правдата и уште еднаш ги истакна своите цели за поголема отвореност на судот кон јавноста како основен предуслов за заголемување на довербата на граѓаните во судскиот систем. аа/вг/

Фото: Основен кривичен суд Скопје

Остани поврзан