• среда, 27 ноември 2024

Основниот буџет на општина Mакедонска Каменица тежи 166,2 милиони денари

Основниот буџет на општина Mакедонска Каменица тежи 166,2 милиони денари
Делчево, 3 јануари 2021 (МИА) - Основниот буџет на општина Македонска Каменица тежи 166,2 милиони денари, од кои за капитални инвестиции ќе бидат наменети 89,9 милиони денари. Според  градоначалникот Димчо Атанасовски, буџетот е скроен со многу труд и посветеност и е детално анализиран и реален. -Приоритет при неговата подготовка беа барањата и потребите на граѓаните, решавање на најгорливите проблеми, како и покривање на сите сегменти од општествениот живот, без исклучување на било кој, изјави Атанасовски. За 2022 година, како што беше истакнато на седница на Советот на општината, се подготвуваат неколку значајни проекти кои дополнително ќе бидат промовирани пред јавноста, а кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во Македонска Каменица. Дополнителни средства и реализација на проекти ќе бидат побарани и од домашни и странски фондови, организации и компании за што веќе се подготвуваат проектни апликации. Во рамки на седницата претседателот на Советот, Љупчо Трајановски најави дека паушалот за месец декември ќе го донира за социјално ранливи категории на граѓани. вс/вј/

Остани поврзан