• сабота, 23 ноември 2024

Основен суд Тетово потврди дека има решение со кое се именува Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците

Основен суд Тетово потврди дека има решение со кое се именува Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците

Тетово, 3 април 2024 (МИА) - Основниот суд Тетово официјално извести дека е прифатено барањето за промена во политичката партија Алијанса за Албанците, по што е изготвено решение со кое во иднина за претседател се именува Зијадин Села. Вчера, ова го најавија од крилото на Зијадин Села.

-Основен суд Тетово Ве известува дека донесено е Решение под РПП.бр.1/24 од 01.04.2024 година, со кое Барањето за запишување на промена на претседател на политичка партиіа Алијанса за Албанците со седиште во Тетово и Барањето за промена на статусот на партијата се уважува, во судскиот регистар на Политички Партии под РПП.бр.1/24 што се води пред Основен суд Тетово, се запишува промена на претседателот, во иднина за претседател на партијата се именува Зијадин Села од с.Ливада-Струга, наместо досегашниот претседател на партијата Арбен Таравари од Гостивар, се наведува во одговорот од Основен суд Тетово по барањето на МИА.

Од крилото на Арбен Таравари денеска на прес-конференција образложија дека тројца судии се смениле пред донесување на оваа одлука.

Правниот застапник Абидин Абдули посочи дека одлуката на Судот не е конечна и дека во зададениот рок, кој изнесува 15 денови, ќе се поднесе жалба на изречената пресуда до Апелациониот суд во Гостивар, како и дека ќе ги разгледаат и сите можности за кривична и процедурална одговорност на претседателот на Судот и на судечкиот судија. ас/дма/


Фото: МИА архива 

Остани поврзан