• среда, 25 декември 2024

Основен суд Кавадарци го одбележа Европскиот ден на правдата

Основен суд Кавадарци го одбележа Европскиот ден на правдата

Кавадарци, 25 октомври 2023 (МИА) - Основен суд Кавадарци денеска го одбележа Европскиот ден на правдата, преку активно учество на учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ - Кавадарци и меѓусебна интеракција, изразувакќи надеж за зацврстување на сигурноста на граѓаните низ процесот на остварување на правдата.

Како што информираа попладнево од овој суд со проширена надлежност, денес, како во годините наназад, вратите на судот, во име на премисите правда, правично судење и почитување на основните човекови слободи и права, беа широко отворени за сите граѓани во нашето општество, информираа од Судот. 

- 25 Октомври, како Европски ден на правдата, е од особено значење во контекст на доближување на правдата до граѓаните, во обезбедување на подетален начин на запознавање со функционирањето на правосудниот систем и судовите, како и активно придонесување во градењето мостови на доверба и сигурност во секојдневниот пристап до правдата, на судовите од една и граѓаните од друга страна. Преку заедништвото во прославување на денешниот ден, се дава особено нагласување во присуството на моралот и моралниот идентитет, кај секоја индивидуа, граѓанин на денешното модерно општество, како единствен порив на денешницата, правда и правичност за сите, наведуваат од Судот. свд/вг/


Фото: Фејсбук на Основен суд Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан