Основачите на Бионтек ќе го добијат највисокиот орден на Германија
- Германската држава одлучи да им додели највисок орден на основачите на фармацевтската компанија „Бионтек“, која прва разви и пласираше вакцина против коронавирусот.
Берлин, 26 февруари (МИА) - Германската држава одлучи да им додели највисок орден на основачите на фармацевтската компанија „Бионтек“, која прва разви и пласираше вакцина против коронавирусот.
Како што е соопштено од Кабинетот на претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер на 19 март ќе го предаде „Крстот на заслуги со ѕвезда“ на научната двојка Езлем Тиречи и Угур Сахин.
Ова ќе биде прво лично претставување на Орденот на Штајмаер оваа година, а ќе се одржи во палатата Белви во Берлин. паг/