• вторник, 24 декември 2024

Осмaни ги прими кредитивните писма од новиот австриски aмбасадор, Памер

Осмaни ги прими кредитивните писма од новиот австриски aмбасадор, Памер

Скопје, 1 август 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер.

Како што соопшти МНР, министерот Османи посакувајќи му добредојде и успешна дипломатска мисија на новиот амбасадор, истакна дека очекува поблиска соработка. Тој, се посочува, изрази задоволство од одличната билатерална соработка меѓу двете земји, која се карактеризира со активен политички дијалог на највисоко ниво, што претставува потврда за определбата и интересот на двете држави за натамошно зајакнување на односите и во економската сфера.

-Амбасадорот Памер ја реафирмира позицијата на недвосмислена поддршка на Австрија за нашиот евро-интегративен процес, поздравувајќи ја сеопфатната реформска агенда на Владата на Северна Македонија со акцент на актуелните предизвици во земјата, стои во соопштението.

На средбата стана збор и за соработката во контекст на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, со акцент на успешното функционирање на Организацијата, како и за предизвиците во однос на руската агресија врз Украина, наведуваат од МНР. вг/лв/

 

Фото: МНР

Остани поврзан