• понеделник, 23 декември 2024

Османи со Орав: Косово ги исполнува условите за добивање статус на земја кандидат за ЕУ

Османи со Орав: Косово ги исполнува условите за добивање статус на земја кандидат за ЕУ

Приштина, 3 септември 2024 (МИА) – Косовската претседателка, Вјоса Османи го прими новиот шеф на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Аиво Орав, при што рече дека Косово ги исполнило сите услови за стекнување статус на земја кандидат за членство во ЕУ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи, како што соопшти нејзиниот кабинет, рекла дека „Косово продолжува да биде на чело на реформите во сите области, усогласувајќи го своето законодавство со она на ЕУ, како и целосно координирано со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“.

Косовската претседателка на средбата со европскиот дипломат го истакнала значењето на третирањето на кандидатите за членство во Унијата „врз основа на заслугите и прифаќањето на вредностите што лежат во темелите на ЕУ“.

„На средбата се разговараше и за последните случувања во земјата, вклучително и за безбедноста, како и за соработката на институциите на Република Косово со оние на Европската Унија во насока на исполнување на заедничките цели. Во овој дух, претседателката Османи го повтори големото значење на третирањето на државите аспиранти врз основа на заслугите и прифаќањето на вредностите што лежат во темелите на ЕУ“, се наведува во соопштението на косовското Претседателство.иа/

Остани поврзан