Османи: Рамковниот договор еден од уставните и политички темели на современа Северна Македонија
- Дваесет и една година Охридски рамковен договор, еден од уставните и политички темели на современа Северна Македонија, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Скопје, 13 август 2022 (МИА) - Дваесет и една година Охридски рамковен договор, еден од уставните и политички темели на современа Северна Македонија, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Градејќи ја нашата европска иднина, продолжуваме да инвестираме во нашиот автентичен модел на функционална мултиетничка демократија. Договорот претставува вредно наследство на оваа генерација и еден од клучните столбови на стабилноста и меѓуетничката кохезија на Северна Македонија, истакна Османи на ФБ. дма/сст/