• понеделник, 23 декември 2024

Османи: Пропадна обидот за отстапување од стратешките определби на земјава

Османи: Пропадна обидот за отстапување од стратешките определби на земјава
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва на својот Фејсбук профил објави дека вечерва пропаднал обидот за отстапување од стратешките определби на земјава, откако беше затворена собраниската седницата за изгласување недоверба на Владата беше и констатирано дека Владата останува. - Обидот за отстапување од нашите стратешки определби вечерва пропадна, од утре продолжуваме со уште поголем интензитет во заокружувањето на целите за подобар и позелен живот на нашите граѓани. Честитки на сите!, напиша Османи. нд/

Остани поврзан