• среда, 25 декември 2024

Османи: Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето, создадавајќи цврста општествена кохезија

Османи: Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето, создадавајќи цврста општествена кохезија
Скопје, 13 август 2021 (МИА) - Како најуспешен мировен договор во регионот, Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето, создадавајќи цврста општествена кохезија и чувство на припадност кон заедничката држава, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил. - Република Северна Македонија прераснува во единствената функционална мултиетничка демократија во регионот; земја пример во регионот, земја која е подготвена да биде рамноправен дел од меѓународната заедница, со сите права и обврски, нагласува Османи. Членството во НАТО, додава тој, но и забележливиот напредок во процесот на евроинтегрирање е резултат на унапредувањето на уставниот поредок и интерната кохерентност која се постигна со Охридскиот рамковен договор. - Токму затоа, денес, две децении подоцна, преземаме обврска да го зачуваме Духот на Охридскиот рамковен договор и да обезбедиме негово заедничко растењето и созревање со нашата заедничка држава!, напиша Османи на Фејсбук по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. мс/сп/

Остани поврзан