• вторник, 24 декември 2024

Османи од Џерба: Ја афирмираме нашата приврзаност кон вредностите на Франкофонијата

Османи од Џерба: Ја афирмираме нашата приврзаност кон вредностите на Франкофонијата
 Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Почестен сум што можам уште еднаш да ја афирмирам нашата приврзаност кон вредностите на Франкофонијата: демократијата, човековите права и културните различности и сето тоа преку францускиот јазик – јазик со голема традиција и светла иднина, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој учествува на Самитот на Франкофонијата во тунискиот град. - Овој јазик и вредностите кои ги олицетворува ни овозможуваат да го прошириме кругот на пријатели ширум светот. Уште еднаш срдечен поздрав од Џерба до сите пријатели франкофони, додава Османи во пораката. https://www.youtube.com/watch?v=Agpq6kQEwfk

Остани поврзан