• вторник, 24 декември 2024

Османи на Форумот ГлобСек во Братислава 

Османи на Форумот ГлобСек во Братислава 

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска престојува во работна посета на Словачката Република, каде што ќе учествува на безбедносниот форум ГлобСек 2023.
 
Османи, како што соопшти МНР, ќе има свое обраќање на панелот посветен на иднината на проширувањето на Европската Унија, а ќе учествува и на неколку други тркалезни маси и панел дискусии. 
 
На агендата на Османи во Братислава се и бројни билатерални средби со свои колеги, на маргини на форумот. дма/лв/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан