• сабота, 23 ноември 2024

Османи: Мнозинството е стабилно, нема да има нови избори и потреси

Османи: Мнозинството е стабилно, нема да има нови избори и потреси
Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) - Во последниве 10 години секоја година имаме избори. Немаме потреба од тоа. Тоа значи стискање пауза на работите во државата. Мислам дека нема да има нови избори и потреси. Пред нас се важни прашања, а мнозинството е стабилно. Ова го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи и портпарол на ДУИ Бујар Османи за „Утрински брифинг“ запрашан дали е можно да се доведе во прашање мнозинството во Парламентот со оглед на резултатите на локалните избори Во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека следно е претседател Албанец во земјава, Османи вели дека Ахмети не бил разбран соодветно. -Ахмети зборуваше за еднаквоста како принцип, дека ниеден човек не може да биде исклучен. Тој ги објасни тие работи како промена на начинот на однесување. Тоа што беше во 90-тите либералната агенда сега е зелената агенда. Ние се адаптираме кон новото време. Прво, зелената агенда ја сфаќаме како нов начин на живот а не само како екологија. Правиме стратегија натаму преку практични решенија во таа насока, вели Османи. Тој оценува дека ДУИ постигна одличен резултат на изборите бидејќи, како што наведе, освоиле 130.000 гласа што е повеќе од 2017 година кога имале 89.000. -Секогаш кога ДУИ е дел од процесот на организирање на изборите, работите се одвиваат во ред. Имаме придонес што изборите поминуваат во нормален процес. Мислам дека ДУИ постигна одличен резултат. Ги зголеми гласовите од 2017 година. Ако се бројат советите и градоначалниците имаме 130.000 гласа, а имавме 89.000. ДУИ покажува стабилност во однос на поддршката од граѓани. Имаме тројца избрани градоначалници со убедлива предност. Со предност одиме во вториот круг речиси во сите општини, оценува Османи. Во однос на приговорите поднесени за изборниот процес во Гостивар каде има вишок ливчиња и може да ја промени ситуацијата со излезноста, Османи вели ќе ја почитуваат одлуката на ДИК. -Имаме доверба во процесот. Сепак имаме одлични резултати и зголемување на гласачите во Гостивар. Кампањата беше успешна и сметам дека имаме шанси во вториот круг, вели Османи. Запрашан за тоа како ќе се одвиваат преговорите со СДСМ за евентуална поддршка во однос на Тетово каде ДУИ во вториот круг влегува со Беса која е исто така владин коалициски партнер, како и во однос на Чаир, Османи рече дека уште пред изборите се договориле дека самостојно ќе излезат на избори и ќе остават на граѓаните да одлучат. -Гласачите не можат да бидат насочувани од партиите во поголем степен, Гласачите се еманципирани во Тетово. Затоа и имавме градоначалничка во Тетово. Алијанса имаа лош кандидат, а граѓаните знаат, сега се се сведува на профилот на кандидатот и очекуваме дека Арифи ќе добие. Да, сме разговарале со СДСМ, но пред избори се договоривме дека сами ќе излеземе на избори и ќе оставиме граѓаните самите да одлучат, вели Османи. Во однос на состојбата во Скопје, Османи смета дека во главниот град имаат одличен резултат со над 26.000 гласови. -Ако ги гледате бројките по избирачки места колку имаме ние гласови толку добил и Шилегов. Мислам дека втор круг не е континуитет на првиот туку се почнува од нула. Тогаш граѓаните повеќе размислуваат за кого ќе го дадат гласот кога има само двајца кандидати. а не 12. Мислам дека постои можност во Скопје и двајцата кандидати да победат, но ќе одлучат скопјани. Во Чаир за триста гласа не победивме во прв круг, а и во Арачиново очекуваме победа бидејќи имаме одличен кандидат, изјави Османи. вг/са/

Остани поврзан